Досега Хамас ослободи 18 заложници, а од израелските затвори се пуштени повеќе од 550 Палестинци
Палестинската милитантна група Хамас ослободи тројца израелски заложници како дел од договорот за прекин на огнот со Израел, пренесува Си-ен-ен.
Сите тројца заложници се спроведени од Газа до воен објект во близина на Ремс, каде што се подложени на првични здравствени контроли и каде што треба да се сретнат со своите семејства.

„Командантите и војниците на израелските одбранбени сили ги поздравуваат и ги прегрнуваат заложниците кои се враќаат дома во државата Израел. Ја повикуваме јавноста да ја почитуваат приватноста на ослободените заложници и нивните семејства“,
се вели во соопштението.
The only starvation in Gaza was Hamas’ starvation of the hostages. pic.twitter.com/JsTmjJp3qf
— Eylon Levy (@EylonALevy) February 8, 2025
Во замена Израел се очекува да ослободи 183 палестински затвореници.
Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопштија дека земјата ги пречекува тројцата ослободени додавајќи дека нивните семејства се информирани дека се вратени во Израел.
Израелскиот форум за заложници и исчезнати семејства ги опиша сликите за време на предавањето на заложниците како „вознемирувачки“.
This is how people who were released from Hamas concentration camp look like. pic.twitter.com/YF6TIEc0bz
— Ella Travels (Ella Kenan) (@EllaTravelsLove) February 8, 2025
Ова е петта размена на заложници за палестински затвореници од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари годинава.
Досега Хамас ослободи 18 заложници, а од израелските затвори се пуштени повеќе од 550 Палестинци.
Прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел ја запре 15-месечната војна во Појасот Газа, а примирјето е постигнато со посредство на САД и Египет.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат Појасот Газа – веројатно со помош на американските војници – додека Палестинците кои живеат таму треба да си заминат на друго место.
Според американските медиуми, оваа негова изјава е зачудувачки предлог што драматично ќе го промени Блискиот Исток и ќе доведе до дополнително раселување на население од повеќе од еден милион.