Активирани се авиони и хеликоптери, кои туристите на Халкидики може да ги забележат како полнат вода од морето
Грчките пожарникари петти ден продолжуваат да се борат со пламените јазици кои беснеат во шумата Дадија, во близина на границата со Грција, која е дом на голем број ретки видови птици.
За среќа, како што јавуваат грчките медиуми, истоименото село, кое вчера беше евакуирано по вторпат за три дена, повеќе не е во опасност.
Во меѓувреме, противпожарните екипи се обидуваат да локализираат повеќе пожари кои се активни од утрово, како што се кај археолошкиот локалитет Олимпија, на островот Лезбос и во Пела, јавува „Катимерини“. Активирани се авиони и хеликоптери, кои туристите на Халкидики може да ги забележат како полнат вода од морето.
Кај археолошкиот локалитет пожарот избувнал вчера попладне во близина на селата Крестена и Скилунтија, а грчките служби соопштија дека таму на терен се 159 пожарникари и 59 вовизна. Нив им помагаат четири авиони и четири хеликоптери кои со вода го гаснат пожарот од воздух.
На Лезбос, пак, пожарникари од вчера се борат да го спречат пожарот да стигне до селото Ставрос за кое заедно со соседното село Вриса се издадени наредни за евакуација.
Во Пела, пак, пожарот избувнал рано утринава и со него се справуваат 38 пожарникари и еден хеликоптер.