Жителите раскажуваат дека преживеале тешка ноќ. Поради ширењето на пламенот, неколку лица и туристи биле принудени да ги напуштат своите домови и објектите во кои престојувале, префрлајќи се кон побезбедни области. За среќа, според првичните информации, нема информации за повредени

Голем пожар избил синоќа на територија на Општина Химара во Албанија, поточно во населбата бр. 1, во близина на обиколницата. Поради силниот ветер пламените јазици брзо се прошириле загрозувајќи го регионот и неколку куќи, објави „Топ Чaнeл“.
Како што информираа надлежните, шест куќи се целосно изгорени, од кои во три активно се живеело, а во три сопствениците доаѓаат повремено.
Жителите раскажуваат дека преживеале тешка ноќ. Поради ширењето на пламенот, неколку лица и туристи биле принудени да ги напуштат своите домови и објектите во кои престојувале, префрлајќи се кон побезбедни области. За среќа, според првичните информации, нема информации за повредени.
Туристичките оператори и сопствениците на бизниси во областа наведуваат дека пожарот ги затекнал неподготвени, додека пламените јазици брзо се ширеле поради силниот ветер.
Состојбата била тешка сè до раните утрински часови. Големиот пожар предизвикал значителна штета додека противпожарните сили и надлежните за итни случаи ја продолжиле работата на терен за пожарот целосно да се стави под контрола. Утрово започнала и интервенција од воздух, со хеликоптери. На терен се и екипи на вооружените сили.
Химара е град во Јужна Албанија, поточно во округот Валона. Поради својата местоположба и топлото време, Химара е еден од најпривлечните градови на албанската ривиера. Химара има население од околу 3 000 жители.
