„Фигаро“ пишува дека двете повредени лица се партнери на возраст од педесет години и се во критична состојба, додека едно 13-годишно момче е во стабилна состојба. Еден од родителите е Вадим Јермолаев, украински олигарх и „ВИП бегалец“ во Монако од почетокот на војната во Украина

Најмалку три лица се повредени во експлозија што синоќа се случила во Монако. Експлозијата се случила пред станбена зграда во близина на плоштадот „Мулен“.
Францускиот весник „Фигаро“ објави дека снимките од видео надзорот покажуваат маж како испушта ранец на влезот од станбена зграда кратко пред експлозијата.
Генералниот јавен обвинител на Монако, Тибо Стефан, изјави за весникот дека две од жртвите се во критична состојба. Весникот, исто така, објави дека жртвите биле Украинци.
Државниот министер Кристоф Мирманд изјави за АФП дека „многу веројатно станува збор за напад“ и дека полицијата истражува.
Според информациите што ги пренесуваат медиумите, а кои се повикуваат на полициската истрага, осомничениот бил снимен на надзорни камери како испушта ранец во лобито на зградата пред пеш да избега од местото на настанот, упатувајќи се кон француската граница. Направата била активирана кога едниот од повредените со својата партнерка се враќал во зградата.
„Фигаро“ пишува дека двете повредени лица се на возраст од педесет години и се во критична состојба, додека едно 13-годишно момче е во стабилна состојба. Еден од родителите е Вадим Јермолаев, украински олигарх и „ВИП бегалец“ во Монако од почетокот на војната во Украина.
Според портпаролот на Владата, тројцата повредени биле префрлени во Ница, околу 20 километри од Монако и тоа двајцата возрасни во Универзитетската болница „Пастер“, а најмладиот во детската болница „Ленвал“.
Четири други лица биле згрижени од болничари, вклучувајќи едно лице кое претрпело шок, а неколку биле со исеченици од скршено стакло.
Врз основа на снимките од надзорните камери, властите објавија и опис на осомничениот. Тој е маж облечен во беж панталони, црна јакна и црна шапка што делумно му го покривала лицето. Француските медиуми објавија и фотографија на која наводно се гледа како лицето бега по експлозијата.
At approximately 9:05 p.m. local time, a deliberate explosion occurred on Rue Révérend-Père-Louis-Frolla in Monaco.
— T_CAS videos (@tecas2000) June 29, 2026
CCTV footage captured a man placing a backpack containing a booby-trapped explosive device filled with bolts and metal pellets designed to cause maximum injury to… pic.twitter.com/HyvazIXgAJ
