На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите, на земја имаме противпожарни единици на кои им се придружуваат 100 војници од Армијата и 30-тина припадници на полицијата“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов
Кон пожарот на планината Серта во неготинскиот дел кај селото Калањево испраќаме четири хелихоптери, двата наши армиски и еден полициски, а ќе им се придружи и еден црногорски хелихоптер. На територијата на Општина Гевгелија над селото Негорци ипраќаме два словенечки хелихоптери, додека во Општина Ново Село на планинатат Огражден испраќаме еден голем турски и еден голем српски хелихоптер, што носи пет тона вода.

Ова утрово го соопшти Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, кој преку видеообраќање соопшти како во текот на денот ќе се одвива акцијата за гасење на пожарите, посочувајќи дека очекува да се воспостави контрола врз големиот пожар што со денови гори на планината Серта.
„Ќе полетаат и сите ‘ертрактори’, три на ДЗС и два турски ‘ертрактори’ заедно со хрватскиот канадер кон планинатат Серта на територијата на Општина Штип позади селото Драгоево. На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите, на земја имаме противпожарни единици на кои им се придружуваат 100 војници од Армијата и 30-тина припадници на полицијата“,
рече тој.
Како што најави Ангелов, денеска се очекува да слета и авионот Херкулес од Романија, што носи т.н. водни бомби од повеќе од пет тона. Заедно со него ќе слета уште еден авион кој му служи како логистика.
„На територијата на државата има уште неколку пожари, кои ќе бараат воздушна поддршка, во Општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково, под врвот на Солунска глава има пожар, како и пожарот веднаш до Радовиш, за кој очекува да воспоставиме контрола“,
вели Ангелов.
Активни пожари:
- Опшина Неготино во атарот на с. Калањево-Планина Серта (ниска вегетација и шума)
- Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки)
- Општина Ново Село над с. Бадилен (борова шума)
- Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума)
- Општина Чашка, с. Габровник (префрлен пожаро од с.Слепче, Општина Долнени)
- Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)
- Општина Гевгелија, помеѓу с. Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).
- Општина Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);
- Општина Зелениково, помеѓу Долно Јаболчиште и Дејковец (Мешана шума)
- Општина Радовиш, Горни и Дилни Липовиќ (Ниско стеблесна и борова шума);
- Општина Битола, Гермаски гробишта нас.Баир (Ниска вегетација и шума);
- Општина Делчево, (депонија)
- Општина Липково, с. Ваксинце и с. Слупчане (сува трева и ниска вегетација)