Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Скопје, а до овој момент нема пријави за повредени лица
Демолирана е канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода во Скопје.
Директорот денеска наутро пријавил дека поранешен вработен со уште едно лице, фрлиле запалива течност и настанал пожар.
„На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар“,
велат од МВР.
Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица во Скопје, а до овој момент нема пријави повредени лица.
Од МВР велат дека нивни екипи се на терен и преземаат мерки за расчистување на случајот.
Видео: ТВ Клан