И двајцата сме посветени заеднички да работиме за да го олесниме процесот на проширување и да ѝ помогнеме на Северна Македонија да го изоди патот и да ги заврши овие пристапни преговори кои започнуваат со меѓувладината конференција, изјави попладнево во Атина грчкиот алтернативен министер задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, по средбата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Димитров е дел од нашата делегација, заедно со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Бујар Османи која учествува на конференцијата на „Економист“.
„Во оваа прилика го научив зборот orama (визија) и сметам дека делиме заедничка визија за нашиот регион кој е европски, без отворени прашања, со соработка, разбирање и блиско пријателство. Ова е визија која ни дава енергија да одиме напред. Се согласуваме дека е многу важно да се продолжи со целосно спроведување на Договорот од Преспа и со оглед на нашите сегашни портфолија, ќе работиме заедно на исто така инструментализирање на Меморандум за разбирање кој е потпишан во минатото за забрзување, олеснување, поддршка во процесот на пристапување кон Европа“,
изјави Димитров по средбата.
На маргините на конференцијата, премиерите на Северна Македонија и на Грција, Заев и Мицотакис одржаа средба на која, како што e соопштено од владината прес- служба, двајцата премиери разговарале и спроведување акцискиот план од Договорот од Преспа, со акцент на работата на заедничките комитети за историските, образовните и археолошките прашања, како и за бизнис-дијалог, со цел за изнаоѓање решенија за заштитените марки и брендови.
Поврзани вести:
Заев е уверен дека Грција ќе биде главен лобист во процесот за преговори со ЕУ
(ФОТО) Заев и Мицотакис седнаа на иста маса во Атина
Од опозиционер-националист до премиер-реалист: Мицотакис за Договорот од Преспа