Шефот на дипломатијата очекува 2020 да биде година на финиширање на процесот на зачленување во НАТО и добивање датум за почеток на преговори со Европската унија. За подобра позиција на земјата во пресрет на одлуките на ЕУ кои се очекуваат во март или април, Димитров сугерира усвојување на законот за јавно обвинителство – чекор кој, како што вели министерот, ќе им ја отежни позицијата на одредени земји-членки на ЕУ да кажат „не“ за почеток на преговори со С. Македонија.