Од Кривичниот суд за „360 степени“ потврдија дека во моментов е во тек седницата на Кривичниот совет на која треба да се одлучува по жалбата на Скопското обвинителство. На седницата, како што информираат, може да присуствуваат и странките во постапката. Но, освен за Беким Незири, нема информација дали останатите тројца осомничени на кои Судот, исто така, им определи мерки за претпазливост, утринава дошле во Кривичен
Беким Незири од ДУИ, кој е еден од осумтемина осомничени за насилниот упад во М-НАВ кој се случи пред точно една недела, утринава беше во Кривичниот суд, потврдија од Судот за „360 степени“.

За разлика од минатиот пат, кога беше донесен со полициска придружба и лисици на рацете, овој пат Незири пристигна слободно во Судот, во придружба на својот адвокат Еленко Миланов.
Видео од денешното појавување на Незири пред Кривичниот суд објави порталот „Прес 24“.
Од Кривичен за „360 степени“ потврдија дека во моментов е во тек седницата на Кривичниот совет на која треба да одлучува по жалбата која Скопското обвинителство ја поднесе во врска со одлуката на Судот да не го прифати барањето за притвор за осомничените во врска со упадот и насилството во М-НАВ.
На седницата на Кривичниот совет, како што информираат од Судот, може да присуствуваат и странките во постапката. Но, освен за Беким Незири, нема информација дали останатите тројца осомничени на кои Судот исто така им определи мерки за претпазливост, утринава дошле во Кривичен.
Нема информација ниту дали одлуката која треба да ја донесе Кривичниот совет ќе биде донесена во текот на денот. Дали ќе се уважи или не жалбата на Обвинителството треба да се знае најдоцна до утре.
Жалбата на Обвинителството следува откако судија на претходна постапка им определи мерки за претпазливост, а не притвор, како што бараше ОЈО Скопје, на четворицата осомничени за упадот во М-НАВ, меѓу кои е и Беким Незири, ексминистер и актуелен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.