Повикувајќи се на документи испратени од свиркачи, од партијата велат дека во тој период биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои покажеле дека таа е неисправна за пиење. Зошто, прашуваат од владејачката партија, надлежните институции предводени од тогашната власт, не презеле соодветни мерки во врска со ова
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството по допрен глас да отвори предмет и да го истражи, како што велат, непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство во врска со анализите за квалитетот на водата во Гостивар и генерално во државата.

Повикувајќи се на документи испратени од свиркачи, од партијата велат дека во тој период биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои покажеле дека таа е неисправна за пиење. Зошто, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, надлежните институции предводени од тогашната власт, не презеле соодветни мерки во врска со ова.
„Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил. Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицискиот СДСМ и денеска ја прозваа власта повикувајќи ја да го објави целосниот официјален извештај за квалитетот на водата во Гостивар, со кој се тврди дека таа е безбедна за пиење.
