„Молкот на Влен веќе е одговор – се плашат од граѓаните и од пресудата што ги очекува. Оние што го погазија легитимитетот сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“, коментираат од ДУИ
И 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори, Влен сè уште молчи – коментираат од опозициската Демократската унија за интеграција (ДУИ) откако вчера позитивно одговорија на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски – дека ако опозицијата бара, власта потврдно ќе одговори на барањата за избори.

„Молкот на Влен веќе е одговор – се плашат од граѓаните и од пресудата што ги очекува. Оние што го погазија легитимитетот сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“,
коментираат од ДУИ додавајќи дека ако во Влен добиле дозвола треба да ги прифатат предвремените избори.
Според партијата на Ахмети, од Влен се свесни дека ја немаат поддршката на Албанците и знаат оти нивната власт се потпира врз, како што велат, газењето на слободниот глас на гласачите.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера порача дека доколку опозицијата мисли оти се потребни предвремени парламентарни избори, тие како владејачка коалиција позитивно ќе одговорат на таквите повици. На ваквата изјава на премиерот позитивно се одзваа од ДУИ велејќи дека се подготвени да одат на избори уште веднаш.
