Американската амбасадорка Кејт Брнз, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за очекувањата за одлука за почеток на преговори со ЕУ кон крајот на март.
„Се надеваме и очекуваме дека Советот на ЕУ ќе ја поправи грешката и ќе ја искористи можноста за време на состанокот на министрите овој месец и ќе отвори пристапни преговори со Севрена Македонија. Наша позиција и долготрајна политика која ја спроведувавме со нашите европски партнери е да ги поддржуваме аспирациите на луѓето од овој регион за интеграција во евроатлантските институции, конкретно за граѓаните на Северна Македонија. Оттука, постои вистинска шанса ЕУ на претстојниот состанок во март да прати јасно „да“ и да и даде „зелено светло“ на Северна Македонија за старт на пристапни преговори што би било одличен чекор за земјава“,
рече Брнз.
Целосниот транскрипт од интервјуто можете да го прочитате тука.