Дали се научени лекциите од случајот со масовното прислушување (2008-2015 г.) и дали е направено сѐ што треба за да се осигура дека вакво нешто не може да се повтори?
Во студиото се поранешниот премиер и пратеник, член на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, и актуелната пратеничка од СДСМ и поранешна шефица на кабинет во МВР, Славјанка Петровска. Премиерно ќе прикажеме и сегмент од документарниот филм на оваа тема насловен како „Приказна за промената“, работен со поддршка на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, ДЦАФ – организација која ги помага реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор во земјава. Во документарецот зборува и Рајнхард Прибе.
Емисијата „360 степени“, во која тема се реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор по скандалот со масовното прислушување, е емитувана на 5 март 2021 г. од 22:00 часот на ТВ Алсат