Во новото издание на „360 степени“ на ТВ Алсат (16 март 2020 г.):
-првото жариште на коронавирусот во земјава не е ни Дебар ни Центар Жупа, туку селото Баланци во општина Центар Жупа – „360 степени“ беше во Баланци непосредно пред прогласувањето кризна состојба;
-помина половина од периодот за инкубација а околу двете лица во изолација, кои беа во контакт со заразената директорка на кожната клиника – епидемиолозите редовно ја следат состојбата;
-српскиот претседател Вучиќ вели дека учениците во неговата земја најверојатно нема да се вратат во училиштата до крајот на учебната година – како ќе биде во Македонија;
-научниците во Германија во трка со времето да развијат вакцина за коронавирусот: Трамп им понудил огромна сума пари за САД ексклузивно да ги имаат правата од нивната работа;
-бизнисот со „бесплатните“ учебници и донел профит од 63% на една издавачка куќа – истражување на „360 степени“ и БИРН;
-„Саботажа“.