Дваесет и тригодишниот М.А. од Велес бил фатен од страна на полицијата во моментот додека ограбувал автомобил во Велес.
Како што информира полицијата, кражбата се одвивала на паркиран автомобил на улицата „Димко Најдов“ во Велес.
М.С. веднаш бил лишен од слобода и бил извршен претрес во неговиот дом.
„Биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби, како и алат и предмети со кои се извршени кривичните дела. Лицето е задржано во полициската станица во Велес. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела, како и за непочитување на забраната за движење“,
информираат од МВР.