Во изминатото деноноќие во Велес нема регистрирани нови случаи на ковид-19, што е втор ден по ред во овој град да нема нови позитивни на коронавирусот, информира тамошниот Центар за јавно здравје.
Портпаролот на општата болница во Велес, д-р Весна Најдовска Николова, за МИА информира дека на Инфективното одделение се лекуваат 16 пациенти од кои 12 позитивни на ковид-19, а четири се суспекти и чекаат резултат од тестирање.
Освен од Велес на оваа одделение има пациенти и од Свети Николе и Кавадарци.