Според податоците на Министерството за здравство во последното деноноќите регистрирани се 130 нови случаи на ковид, а 152 се оздравени на нивото на целата територија.
Главниот град Скопје е со најмногу нови случаи, но и најмногу оздравени. Денеска во Скопје се регистрирани нови 40 случаи и 87 оздравени, а во моментов активни случаи во овој град има 905.
Денеска во Гостивар се потврдени 18 нови случаи и девет оздравени, а вкупно има 298 активни случаи. Во Тетово и Штип има по 13 нови регистрирани случаи и 14 оздравени во Штип, односно 6 во Тетово.
Во Куманово денеска има трипати повеќе оздравени отколку нови ковид-случаи, во бројки 18 оздравени и 6 нови. Во Кичево денеска има 7 нови случаи и пет оздравени, додека пак во Охрид евидентирани се нови 6 случаи на ковид, а нема регистрирано оздравени. Во Прилеп има 5 нови ковид-случаи и двајца оздравени, додека ак во Бтиола три нови и четири оздравени.
Нови случаи се регистрирани и во Виница-5, во Делчево и Струга по четири, по два случаи во Кавадарци и Пробиштип и по еден во Струмица и Берово. Во Ресен денеска се регистрирани само оздравени пациенти, вкупно шест, а во Македонски Брод, исто така, нема нови случаи, но има еден оздравен.