Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое пред почетокот на молкот дебатираат Ангелка Пеева-Лауренчиќ, Сефер Тахири и Васко Наумовски, се емитува вечерва (15 октомври 2021 г.) од 21:50 часот на ТВ Алсат
Вечерва на полноќ почнува молкот пред гласањето на локалните избори в недела. Ќе стивне вревата, ќе застанат карваните, а граѓаните, како што вели логиката на молкот, ќе можат на мир да ги сумираат впечатоците и да донесат одлука како ќе постапат в недела. Колку навистина одлуката дали и за кого да се гласа се носи во последен момент или макар врз основа на понудата во кампањата или тоа се ставови изградени многу порано – е едно од прашањата за кои ќе дебатираме вечерва. Ќе зборуваме и за тоа каква кампања видовме, каков ефект може да се очекува од меѓуетничките коалиции, особено онаа опозициската, дали мапата по овие избори ќе биде многу пошарена без видлива доминација на една боја, што значи тоа за централната власт… Гости во студиото ќе бидат Ангелка Пеева-Лауренчиќ, сосопственичка и директорка на агенцијата „Имиџ ПР“, со претходно искуство во политика, Сефер Тахири, комуниколог, универзитетски професор и Васко Наумовски, универзитетски професор, поранешен вицепремиер и амбасадор.
Емисијата почнува во 21:50 часот на ТВ Алсат.