Според најавите, Ковачевски ќе информира за посетата на САД и пораките и поддршката од стратешките партнери, како и за реформите потребни за членството во ЕУ
Централниот одбор на владејачкиот СДСМ вечерва ќе одржи седница во партиското седиште, најавуваат оттаму.
„На седницата претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе информира за посетата на САД, пораките и поддршката од нашите стратешки партнери за земјава, а ќе се разговара и за повеќе актуелни теми со фокус на реформите важни за продолжување на европскиот пат на државата“,
велат од СДСМ.
Утре, пак, Ковачевски ќе има средба со партнерите од владината коалиција. Таа ќе се одржи во Клубот на пратеници, а изјавата од Владата за МИА, станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања.