На седницата, како што најавуваат од партијата, се очекува да стане збор за актуелни теми по одржувањето на собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени
Во партиското седиште на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот ќе се одржи седница на Извршниот комитет на која, како што најавуваат од партијата, се очекува да стане збор за актуелни теми по одржувањето на собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени.

Претходно денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија претседателот на Собранието Талат Џафери дека спротивно на Деловникот за работа на законодавниот дом ја одложи точката за гласање за потребата за отворање на Уставот во петокот. Ставот на опозициската партија го изнесе пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција во Собранието.
Како што истакна тој, гласањето според Деловникот мораше да се случи во петокот кога беше завршен претресот по оваа точка и имаше обезбедено кворум за гласање.
Во петокот усвојувањето на дневниот ред, чија единствена точка беше предлогот за пристапување кон измена на Уставот на земјава, претседателот Талат Џафери ја прекина седницата соопштувајќи дека за нејзиното продолжение, на кое треба да се гласа и за што е потребно двотретинско мнозинство, ќе извести дополнително.
Ова наиде на негодување кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои на прес-конференција по завршувањето на седницата порачаа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и побараа предвремени избори.