На интернет адресата vlada.mk може да се видат последните информации за активностите на премиерот што се поставени по неговата денешната посета на Македонска Каменица
Веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија од попладнево е повторно функционална.
На интернет адресата vlada.mk може да се видат последните информации за активностите на премиерот што се поставени по неговата денешната посета на Македонска Каменица.
Интернет-страницата на Владата од утринава беше падната и недостапна за јавноста.
На прашањата дали станува збор за технички проблем или, пак, за хакерски напад, образложението оттаму беше дека таа е подконстантни хакерски напади.
„Интернет-страницата на Владата е под константни хакерски напади. Една од главните причини е слабата заштита наследена од претходно, иако биле потрошени десетици илјади евра. По констатирање на состојбата и увидување на проблемот, се работи на надминување на проблемот со цел страната на Владата да биде соодветно заштитена, соодветно и интернет-страниците на сите министерства“,
гласеше одговорот од Владата.