Еврокомесарот за проширување потврди дека неговиот тим подготвува документ – ревизија на методологијата за пристапување што треба да резултира со поечток на преговори со С. Македонија и Албанија.

„Европската комисија во јануари ќе предложи ревидирана методологија за преговорите за проширување која ќе обезбеди дека процесот е кредибилен и предвидлив за земјите-членки на ЕУ и за државите од Западен Балкан што би значело дека доколку едната страна испорача, тоа ќе треба да го стори и другата“,
изјави Вархели на меѓувладината конференција со Србија
„360 Степени“ во понеделникот објави за овој план на Вархели кој тој го претставил на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на работниот појадок во Брисел на кој присуствуваа и шефовите на македонската и на албанската дипломатија, Никола Димитров и Гент Цакај.

Идејата на Вархели е документот за реформа на методологијата за преговори, во нацрт-верзија, да излезе од Европската комисија кон крајот на јануари, по што комесарот би почнал консултации со земјите-членки на ЕУ. Во иделано сценарио, новата методологија и одлуката за почеток на преговори со Скопје и со Тирана би требало да се донесат во март.