Министерот Муртезани на средбата со Вархеји, пак, посочил дека во следниот период исклучително важно е да се создаде соодветна и позитивна политичка клима и јавна поддршка за промените и реформите кои следуваат, меѓу кои и уставните измени
Имавме добра размена на мислења за пристапниот процес на Северна Македонија со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, напиша еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на социјалната мрежа Икс, по зедничката средба денеска во Брисел.
„Проширувањето е наша заедничка цел. Се согласивме дека нема време за губење кога станува збор за завршување на потребните чекори“,
напиша Вархеји.
Според него, сите алатки се тука за да се направи голем успех за луѓето од земјава.
Good exchange w/ Minister @OMurtezani on the accession process of 🇲🇰 .#Enlargement is our common goal. Agreed that there is no time to waste when it comes to completing the necessary steps.
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) September 4, 2024
All tools are there to make it a great success for the people of 🇲🇰 #RA #EIP #IPA pic.twitter.com/AUDNBXKOM8
Министерот Муртезани на средба со Вархеји, пак, посочил дека во следниот период исклучително важно е да се создаде соодветна и позитивна политичка клима и јавна поддршка за промените и реформите кои следуваат, меѓу кои и уставните измени.
Во оваа смисла Муртезани ја нагласил и подготвеноста на Владата за конструктивен дијалог со Бугарија, кој, како што рекол, треба да заврши со надминување на пречките на патот на земјава кон полноправно членство во Европската Унија, притоа штитејќи ги интересите на двете земји.