Дербито меѓу фудбалските клубови „Вардар“ и „Работнички“ се одвива без публика на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Трибините се празни откако Фудбалската федерација на Македонија ги прифати препораките на Владата спортските натпревари да се играат без публика, по првиот случај на коронавирус во земјава.
Единствената пациентка што се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Нов случај на заразен засега нема.
Денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека разговарал со генералниот конзул на Северна Македонија во Венеција – Италија, кој му рекол дека нема информации за македонски државјанин заразен со коронавирус или задржан во изолација во тој дел од земјата.
Поврзана вест
МНТ и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите, РК Вардар ќе игра пред публика