На Клиниката за инфективни болести изутрината се пријавила жена кој пред три дена се вратила од северна Италија, а со симптоми на респираторна инфекција
Министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека нема нови случаи на заразени со коронавирус во земјава. Во изјава за медиумите, Филипче рече дека тестовите на возачот на комбето со кој од Италија до Македонија патуваше заразената жена, како и виничанецот што побегна од штипската болница – се негативни. Коронавирус нема ни хрватската државјанка која била со виничанецот.
Во меѓувреме, се чекаат резултатите од тестирањето на жена која изутрината се пријавила на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со симптоми на респираторна инфекција. Министерот Филипче рече дека пациентката на 26 февруари се вратила од патување во северна Италија, која е најпогодена од коронавирусот во Европа.
Филиче изјави и дека разговарал со генералниот конзул на Северна Македонија во Венеција – Италија, кој му рекол дека нема информации за македонски државјанин заразен со коронавирус или задржан во изолација во тој дел од земјата.