Поранешната шефица на македонската дипломатија и пратеничка од редовите на СДСМ почина на 31 јули во Скопје, на возраст од 72 години
Министерството за надворешни работи ќе организира комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.
Настанот почнува во 10 часот во амфитеатарот на Министерството.
„Утре (17 август 2022г.), во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Настанот ќе се одвива во амфитеатарот на Министерството, со почеток во 10:00 часот и е отворен за медиуми“,
се вели во соопштението на МНР.
Поранешната шефица на македонската дипломатија и пратеничка од редовите на СДСМ почина на 31 јули во Скопје, на возраст од 72 години.