Ако добие одобрение, лекот на „Фајзер“ по дополнителни клинички испитувања ќе го добие името „плаковид“, соопштија од компанијата
Компанијата „Фајзер“ објави дека произвеле таблета против коронавирус која е 89 проценти ефикасна во спречувањето на опасноста од хоспитализација и смрт.
Компанијата изјави дека своите резултати од раните клинички испитувања ќе ги достави до американската агенција за медицина (ФДА) за одобрување што е можно поскоро.
Ова е втора ваква таблета која покажува позитивни резултати по онаа на компанијата „Мерк“, која неодамна беше одобрена во Велика Британија.
Антивирусните лекови дејствуваат со намалување на способноста на вирусот да се репродуцира, што ја забавува болеста. Таквите лекови се надополнети со вакцини за заштита од коронавирус.
Ако добие одобрение, лекот на „Фајзер“ по дополнителни клинички испитувања ќе го добие името „плаковид“, соопштија од компанијата.