Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на ковид-19 во земјава, информира Министерството за здравство.
По градови: Скопје – 10, Куманово – 27, Штип – 3, Прилеп – 4, Тетово – 5, Струга – 4, Велес – 2, Охрид – 5, Гостивар – 1, Кочани – 3 и Неготино – 2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 339, Куманово – 262, Дебар – 49, Штип – 31, Прилеп – 89, Тетово – 43, Струга – 47, Велес – 36, Битола – 9, Охрид – 9, Кавадарци – 3, Гостивар –10, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 25, Пробиштип – 2, Кичево – 1, Неготино – 2.
Од Министерството информираат дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.
Денеска се регистрирани и 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови и по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатото деноноќие направени се 500 теста. Преку ИЈЗ – 310 , преку Ветеринарен факултет – 24, „Авицена“ – 24, „Биотек“ – 24 и „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.
Во болницата „8 Септември“ се примени 6 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.
Во битолската болница, до утрово се хоспитализирани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и се земени први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни, а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.
Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета, е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.
Поврзани вести:
Ковид-19: Македонија им бега на италијанското и шпанското сценарио