Известувањето дека починато е дете меѓу лицата кои се наоѓале на чамец во близина на грчкиот остров Лезбос е трагичен потсетник за ужасните патувањата на кои тргнуваат и најмладите бегалци, смета Афшан Кан, директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.
„Без оглед дали се на море, на граничните премини или во конфликтните подрачја, децата бегаат, децата се првите жртви. Во последниве недели, ескалацијата на насилството во провинцијата Идлиб доведе до раселување на над 575.000 деца. Од неколку илјади луѓе коишто сега се концентрирани во близина на Едрене и долж турско-грчката граница, се проценува дека 40 проценти се жени и деца. Државите мора да сторат сé што е во нивна моќ за да спречат натамошно страдање на најневините“,
додава Кан.
Преку соопштение, УНИЦЕФ апелира да се одговори на директните потреби на децата, помагајќи им со засолниште, вода, хигиенски средства, ќебиња и други непрехранбени производи. Исто така, УНИЦЕФ, работи и на исполнување на најитните потреби на оние кои се заробени на границата меѓу Турција и Бугарија, каде се пријавуваат инциденти на насилно потиснување.
„Децата и семејствата „откорнати“ од своите домови се свртени кон политичките лидери со надеж за заеднички решенија, финансиско-политичка поддршка на државите кои ги примаат оние што бараат помош и сериозни заложби за преселување на најранливите меѓу нив“,
додава Кан.
Таа потсетува дека сега е време сите засегнати земји да ги почитуваат своите меѓународни обврски за заштита на децата од насилство и повреди.
*ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Владата ќе бара од земјите соработнички да испратат повеќе полицајци на македонско-грчката граница
Државниот врв во обиколка на границите поради миграцискиот бран