Владата ќе побара од земјите соработнички да испратат повеќе полицајци кои ќе ја обезбедуваат јужната граница на државата, соопштија од прес-службата по денешната владина седница.
„Еден од заклучоците е Владата да побара од земјите, со кои Северна Македонија непосредно соработува, со нивните полициски припадници на нашата јужна граница, да се зголеми бројот на полициски службеници, кои со зголемениот број на припадници од МВР и на Армијата ќе ги споделат оперативните ангажмани во случај на раст на бројот на мигранти“,
велат од Владата.
Познато е дека во бегалската криза, која започна во 2015 година, во земјава беа испраќани полицајци од повеќе држави, меѓу кои и Полска, Австрија, Чешка, Унгарија, Хрватска, Србија…
Од Владата велат дека одлучиле да ја прифатат и веќе понудената техничка помош од Интернационалната организација за миграции (ИОМ), од УНДП, УНХЦР, како и од Европската комисија и другите интервентни фондови како за МВР така и за Министерството за одбрана, вклучително и помошта за обезбедување на резерви со храна, вода и друг потрошен материјал.
*Поврзани вести:
Државниот врв во обиколка на границите поради миграцискиот бран
Пендаровски: Подготвени сме за нов миграциски бран
Шекеринска: Состојбата на границата е мирна, да не се шират лажни вести