Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска на негова иницијатива ќе престојува во работна посета во земјава за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.
Како што соопшти МНР, целта на посетата е соработката во справувањето со глобалната пандемија ковид-19, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за нашата земја, за полесно надминување на овие предизвици.
Од МНР најавуваат дека меѓудругото ќе се разговара и за натамошните чекори во европската агенда на земјата по добивањето на позитивната одлука за отпочнување на пристапни преговори за билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија.
Димитров и Сијарто ќе одржат прес-конференција која ќе биде пренесувана во живо и на која ќе одговараат на претходно писмено поставени прашања.