Според украинското Министерство за одбрана, станува збор за модели што украинските сили веќе ги користеле во борба

Велика Британија ќе учествува во финансирањето на заедничкото производство на украински борбени дронови со среден и долг дострел. Дроновите ќе се изработуваат во британски погони, според украински дизајн, и ќе ѝ бидат испорачани на украинската армија. Договорите денеска во Киев ги потпишаа министрите за одбрана на Украина и на Велика Британија, Јевхен Хмара и Вес Стритинг.
Според украинското Министерство за одбрана, станува збор за модели што украинските сили веќе ги користеле во борба. Хмара изјави дека со британските производствени капацитети Украина ќе може побрзо и во поголеми количества да ги обезбеди дроновите за своите сили. Производството во Велика Британија ќе овозможи и дел од погоните да бидат надвор од дофатот на директните руски напади.
Стритинг во Киев се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Посетата следува откако британската влада неделава најави пакет воена поддршка за Украина од 500 милиони фунти, кој опфаќа дронови, ракети за противвоздушна одбрана, радари и друга опрема.
Британскиот министер во Киев допатува од Полска, каде што во петокот се сретна со војници на меѓународна вежба. Вежбата е дел од подготовките на силите на Коалицијата на подготвените за можно распоредување во Украина по завршувањето на војната.
