Украинската Влада денеска одобри указ со која целиот руски имот на територијата на Украина се префрлува на државата, односно на државното претпријатие Национален инвестициски фонд.
Украинскиот премиер Денис Шмигаљ на својот Телеграл профил напиша дека Киев ќе презеде се што Русија поседува во Украина и ќе го искористи тоа да ја зајакне војската, да ги поддржи луѓето и да ја обнови земјата.
„И претседателот и владата повеќепати зборуваа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина“, порача Шмигаљ,
пренесува Укринформ.
Тој додава дека Владата продолжува да работи со меѓународните партнери за имотот на Русија во другите држави да биде конфискуван и префрлен за обновување на Украина.