Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи

Украдена е спомен-плоча од споменикот на култура на Македонците од егејскиот дел на Македонија поставен во паркот „Жена борец“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Спомен-плочата, додаваат од МВР, била одземена со употреба на физичка сила.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера, додаваат од МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје три лица пријавиле дека од градските гробишта „Бутел“ биле одземени три бронзени бисти.
„С.А.М. (47), С.Ш. (68) и М.Г. (69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта ’Бутел’ во Скопје, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени три бронзени бисти“,
се вели во полицискиот билтен.
И за овој случај од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.