Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска поведе постапка и поднесе предлози за парични казни против четири лица кои го сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Еден од нив е сопственик на чајџилница во с. Врапчиште, кој бил затекнат како послужува гости. Тројца од обвинетите, односно гостите во чајџилницата, се товарат дека не го почитувале полицискиот час со тоа што се движеле низ Гостивар.
„За сите обвинети, гостиварското обвинителство од судот побара да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби“,
се вели во соопштението на Обвинителството.