Убиството е извршено со ловечка пушка
Мажот што вечерва беше пронајден мртов во својот дом во Тетово бил убиен од страна на својот татко пред два дена, на 31 декември, информираат од МВР по координација со јавен обвинител.

Од полицијата соопштија дека е утврдено оти се работи за кривично дело убиство кое 65-годишниот М.Н. го извршил над својот 39 годишен син С.Н. по претходна физичка пресметка.
Убиството е извршено со ловечка пушка.
„По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“,
велат од МВР.
Претходно вечерва од полицијата информираа дека доцна попладнево, околу 18:50 часот 39-годишник бил пронајден мртов во својот дом во Тетово каде што живеел со својот татко. Мажот бил пронајден со прострелна рана во главата, а во просторијата каде што се наоѓало неговото тело пронајдена била и ловечка пушка.
Таткото на 39-годишникот бил пронајден во бессознание и однесен во Ургентниот центар во Тетово.