Триесет и шестгодишната Б.Н. е убиена вчера во семејната куќа во Арачиново. Како што соопшти полицијата, вчера во 12:45 часот било пријавено дека А.Н. (40) ја убил својата сопруга и го напуштил местото на настанот.
„По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол“,
информира полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.