Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ, дознава „Алсат“.
Телевизијата повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49 годишен жител кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.
„Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал“,
објави телевизијата.
Случајот го потврди и МВР. Во соопштениеето се истакнува дека синоќа еден час пред полноќ М.Н. пријавила дека во двор од куќа во село Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него. Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. МВР работи на расчистување на случајот.