Како што соопшти претходно Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети
Вчера во 6.15 часот во село Кучевиште, скопско, е лишен од слобода Д.П.(26) од ова село кој се сомничи дека во текот на годинава во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела разбојништво и тешка кражба на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа граѓаните, информираат од МВР.
Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор Куманово за издржување на мерката, додаваат од полицијата.
Како што соопшти претходно Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети.
„Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100 000 денари. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“,
информираше обвинителството.