Лицата биле извлечени со теренско возило обезбедено од член на Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани

Пет малолетни лица и едно возрасно лице беа извлечени од снежна блокада во село Рајчани, Кочанскп, поради обилните снежни врнежи.
Информацијата била пријавена во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку бројот за итни случаи 112 во 09:53 часот.
ЦУК преку Секторот за операции и координација веднаш ги информирал СВР Штип, Полициската станица Кочани, лицето за контакт од Општина Кочани и градоначалникот на општината за да се организира спасувањето, се вели во соопштението.
Во 11:50 часот лицата биле извлечени со теренско возило обезбедено од член на Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани.
Сите лица се безбедно извлечени и предадени на нивните родители, информираа од ЦУК.