„Денеска имаме рекорден број пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење“, велат од Центарот за управување со кризи и додаваат дека до 17 часот попладнево се пријавени 21 пожар на отворен простор
Денеска е регистриран рекорден број пожари на отворен простор за ова лето – информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 17 часот попладнево се пријавени 21 пожар на отворен простор.

„Денеска имаме рекорден број пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење“,
соопштија од ЦУК.
Пожари на отворен простор до 17 часот попладнево се регистрирани во општините Македонски Брод, Студеничани, Илинден, Желино, Зелениково, Кичево, Дебарца, Јегуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Прилеп, Новаци, Штип, Битола, Центар Жупа. Од скопските општини, пожари се регистрирани во Чаир и Ѓорче Петров.
Во пожарите главно е зафатена ниска вегетација.
Меѓу пожарите што се активни е и оној кај селото Моране во скопско Студеничани. На негово гаснење интервенираат три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
