Поради непристапниот терен, велат од ЦУК, интервеницијата од копно е премногу ризична или невозможна и затоа во гаснењето се ангажирани три „ертрактори“ на ДЗС
Со три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во моментов се гаси шумскиот пожар во близина на селото Моране во Општина Студеничани. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека интензивно се гаси пожарот што избувна доцна синоќа.

Поради непристапниот терен, велат од ЦУК, интервеницијата од копно е премногу ризична или невозможна и затоа во гаснењето се ангажирани трите „ертрактори“ на ДЗС.
„Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел пожарот да се локализира и изгасне, како и да се заштитат жителите и нивниот имот“,
велат од ЦУК.
Пожарот кај скопско Моране избувна доцна синоќа.
