Од Центарот за управување со кризи уверуваат дека ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов пожарот не претставува опасност по жителите
Проширен е шумскиот пожар над селото Габер – информира попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Поради непристапниот планински терен, интервенцијата од копно е отежната, а гасењето на пожарот се врши со помош на три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден авион на МВР.
Од ЦУК уверуваат дека ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов пожарот не претставува опасност по жителите.
„Пожарот се движи во правец на селото Вржале, поради што состојбата внимателно се следи“,
додаваат од Центарот за управување со кризи.
