Противпожарните екипи, авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и полициски хеликоптери на МВР успеаја да го стават под контрола пожарот кај селото Соколарци во Општина Чешиново – Облешево. Огнената стихија, која се ширеше по неколку крака, претставуваше опасност за селата Соколорци, Врбица и манастирот „Св. Ѓорѓи“, но, како што соопштија од ЦУК, опасноста е елимирана
Центарот за управување со кризи утрово информира дека на територијата на земјава вчера имало вкупно 19 пожари, од кои 18 се изгаснати.

Вчера доцна попладне, противпожарните екипи, авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и полициски хеликоптери на МВР успеаја да го стават под контрола пожарот кај селото Соколарци во Општина Чешиново – Облешево. Огнената стихија, која се ширеше по неколку крака, претставуваше опасност за селата Соколорци, Врбица и манастирот „Св. Ѓорѓи“, но, како што соопштија од ЦУК, опасноста е елимирана.
Пожари вчера имало и во Скопје, во селото Радуша – Општина Сарај, на улицата „Скупи“ во Карпош и во парк-шумата во Општина Гази Баба. Сите три се изгаснати, а горела ниска вегетација.
Во Битолско имало два пожари, каде што гореле стрништа, еден во Ресенско, кај селото Долна Бела Црква, потоа два во Долнени и по еден во Радовиш, Кавадарци, Росоман, Желино и во Виничко.
Протипожанрите екипи вчера се справиле и со четири пожари во Кумановско, кај селата Романовце, Слупчане, Пчиња и Љубодраг. Еден пожар имало и во кичевското село Бериково каде што гореле стрништа, ѓубриште и нискостеблеста шума.