Од спротивна страна на патот, како што додаваат од ЦУК, се наоѓа бензинската пумпа „ХИБ петрол“
Горат два камиона (шлепери) во фирмата „Атлантик“ во населбата Визбегово, а постои опасност од огнот да бидат зафатени и други камиони, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва во 21:14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата ‘Атлантик’ во населба Визбегово. Според првичните информации, се работи за пожар на два камиона (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони“,
се наведува во соопштението.
Од спротивна страна на патот, како што додаваат од ЦУК, се наоѓа бензинската пумпа „ХИБ петрол“.
За настанатата состојба веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи.