Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираа дека вечерта и ноќта со цистерни и вакуум цистерни работеле на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници ), а исто така по пријави на граѓани на уште 40-ина други места. Според нив, утрово состојбата е нормализирана
По обилните поројни врнежи од дожд и силниот ветер од 70 километри на час, што вчера попладне го зафатија Скопје, досега се сумирани податоци од над 1 000 повици за итни ситуации на единствениот телефонски број за итни ситуации 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив 180 до 200 повици ги координираше ЦУК, а другите 800 пријави ги реализираа субјектите од Системот за управување со кризи, информираат од ЦУК.
Според овие информации, до 13 часот денеска регистрирани се вкупно 95 паднати дрвја и 121 поплавена просторија од објекти.
Според повиците, до 13 часот има пријави за 23 оштетени возила, 20 улици и подвозници се поплавени, а 27 оштетени и поплавени гаражи.
Регистрирани се вкупно 47 оштетени и паднати покривни конструкции, има пет скинати проводници, навалени бандери, други проблеми со струја и еден поплавен дуќан и машини.
„Сите овие пријави и проблеми за нивно решавање по приоритет беа проследени до БППЗ, Град Скопје, ДЗС, Општините и Јавните претпријатија во Градот“,
соопшти ЦУК.
БППЗ на Град Скопје, како што се наведува, по невремето со нивни екипи интервенирале во 10 -тина случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и критичните места на скопските сообраќајници.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираа дека вечерта и ноќта со цистерни и вакуум цистерни работеле на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници ), а исто така по пријави на граѓани на уште 40-тина други места. Според нив, утрово состојбата е нормализирана.
Од ЕВН соопштија дека дефектите во електросистемот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети.
Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП „Скопје“ од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвива нормално.