На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК попладнево е пријавен пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско. Според првичните информации, гореле нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.
По интервенција на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот е изгаснат. Во акцијата на гаснење учествувале и мештаните, кои со трактори помагале да го пресечат пожарот на површината кон која се движи пламенот.
Од ЦУК информираат и дека на терен е сѐ уште екипа која интевенира на пожарот на потегот с. Агино Село – с. Брзак, каде што се ангажирани две возила и седум пожарникари од Противпожарната единица Куманово.
„Истовремено е известено дека една екипа на ТППЕ Куманово интервенира од 16.15 часот на опожарена сува трева и стрниште и во атарот на с. Лојане со едно ПП возило и три пожарникари. Екипата била сѐ уште на терен“
информира ЦУК.