Екипи од Скопје од „Водовод“ се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, резултатите се веќе добри, очекувам денес, еве утре да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше, кажа Мицкоски
Во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа и до утре се очекува да биде соопштено дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој го повтори ставот дека Владата презема мерки и ја обвини опозицијата дека шири дезинформации и непотребна паника меѓу населението со стари извештаи за несиправност на водата.
„Она кое што е политика на Владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме, целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана од страна на Обвинителството, понатаму тие ќе продолжат да лоцираат доколку е потребна и нова одговорност да биде лоцирана од страна на државата, иако тоа не се наши ингеренции“,
кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека Владата обезбедила вода за пиење за гостиварци и изрази благодарност до сите кои со донации се вклучија да помогнат. Тој посочи дека во тек е процесот на хлорирање на водата и дека резултатите се добри.
„Екипи од Скопје од ’Водовод’ се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, резултатите се веќе добри, очекувам денес, еве утре да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење. Во рекорден рок од една недела тоа се санираше. А мене ме чуди што опозицијата уште не излезе со критика кон Општината и раководството кое го поддржуваше на локалните избори, можеби ја пропуштија таа вистинска шанса , но знаете на нашата политичка сцена има многу лешинари кои се обидуваат да добијат политички поени , а не сфаќаат дека тоа им се враќа како бумеранг“,
рече Мицкоски.
Вчера здравствените власти информираа дека кризата со труењето од водата во Гостивар бележи надолен тренд и влегува во смирувачка фаза, а според најновите податоци, бројот на пациенти кои бараат лекарска помош е значително намален.
