По подолго отсуство, екс претседателот Бранко Црвенковски денеска имаше јавен настап. Се обрати како домаќин на регионалната конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на Подгоречкиот клуб. Кажа дека промената на името била болна и драматична отстапка за земјава, затоа смета дека ЕУ мора да ги цени напорите на Македонија.
„Недобивањето на датум за почеток на преговори во јуни или јули нека биде, сеедно, ќе предизвика големо разочарување.“, рече Црвенковски.
На гости му дојдоа поранешни претседатели и премиери од регионот, но и актуелниот претседател на Република Северна Македонија.
„Очекувам неодложно да го одредат датумот за ги започнеме преговорите за членство.“, рече претседателот Стево Пендаровски.
Учесниците на конференцијата беа едногласни дека земјава заслужува отпочнување на преговорите. Потпишаа и декларација со која ја повикуваат ЕУ да ги поддржи земјите – аспиранти од Западен Балкан. Документот ќе го испратат до највисоките институции на Унијата.