Неговите изјави уследија откако претходно „Волстрит журнал“, повикувајќи се на официјални лица од двете страни, објави дека претставници на ЕУ се отворени за предлогот на Карни Канада да стане „придружна членка“ на блокот

Премиерот Марк Карни изјави дека Канада бара „единствен сојуз“ со Европската Унија, но не и членство во блокот, додека се интензивира трговската војна со САД, пишува Би-би-си.
„Она што го бараме – и за што ќе започнеме разговори – е единствен сојуз со Европската Унија“,
изјави Карни.
Тој оваа недела ќе отпатува за Обединетото Кралство и Франција, каде што треба да се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур.
Неговите изјави уследија откако претходно „Волстрит журнал“, повикувајќи се на официјални лица од двете страни, објави дека претставници на ЕУ се отворени за предлогот на Карни Канада да стане „придружна членка“ на блокот.
Според весникот, Карни му дал насоки на својот специјален пратеник за Европа да ги „испита најамбициозните можности што не вклучуваат полноправно членство“.
Обраќајќи им се на новинарите на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, Карни негираше дека Канада бара формално членство, велејќи „ги споделуваме истите вредности, ги имаме истите приоритети и поседуваме силни страни што одлично се надополнуваат“.
„Посилни сме заедно. А ова се случува во време кога светот е поопасен и поделен, па пријателите треба да се држат заедно во вакви моменти“,
додаде тој.
Во последните недели, Канада и САД се вклучени во ескалирачка трговска војна, откако трговските преговори меѓу двете земји пропаднаа кон крајот на август.
